Речното корито на реката Вардар денеска е чисто. Нема траги од непознатата бела материја која вчера се влеваше преку реката Лепенец. Сè уште нема официјална потврда за каква супстанца станува збор и дали таа претставува опасност за животната средина.
„Анализите сè уште се во тек. За добивање на резултатите се потребни најмалку 24 часа, во зависност од природата на материјата и степенот на нејзината опасност. Се очекува резултатите да пристигнат во текот на денешниот ден.“, изјавија од Град Скопје.
Веднаш по пријавата за појавата на белата материја, надлежбите институции излегоа на терен и земаа примероци за лабараториски анализи. Во истрагата за потеклото на белата пена се вклучи и дрон.

Градоначалникот Ѓорѓиевски најави дека веднаш по добивањето на резултатите од анализите, јавноста ќе бидеизвестена и за тоа кој е одговорен за нејзиното испуштање во реката. Доколку се утврди прекршување на законските прописи и загадување на животната средина, ќе бидат преземени соодветни законски мерки и санкции.
