Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Охрид доби уште една шанса, природното богатство останува под заштита на УНЕСКО.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охрид доби уште една шанса, природното богатство останува под заштита на УНЕСКО. Но од Бусан, во Кореја, испратија порака дека часовникот продолжува да отчукува, а државата има рок од пет години да ја подобри состојбата. Владата ова го оценува како голем дипломатски успех и уверуваат дека ситуацијата ќе се подобри – дивоградбите да бидат отстранети, а надлежните да ги извршуваат соодветно обврските.

„Одлуката на УНЕСКО е потврда на нашата посветеност, но и поттик за уште поинтензивна работа во периодот што следи. Ги прифаќаме препораките за заштита и одржлив развој на регионот и со дипломатскиот ангажман обезбедивме дополнителен простор за исполнување на преземените обврски и спроведување на Стратегискиот план за рехабилитација до 2030 година“– вели министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Надлежните посочуваат дека особено внимание треба да се обрне на урбанистичкото планирање и заштита на животната средина. Македонија како партнер со Албанија, има обврска да подготви временски ограничена рамка за спроведување на планот за рехабилитација.

Реклама

„Денешната одлука е значаен исчекор но не и крај на процесот. Заедно со Албанија треба да подготвмие временски ограничена рамка за спроведување на стратегискиот план до 2030тата година. До 1 јануари 2027 година треба да биде доставен нов извештај за постигнатиот напредок. Кај нив има разбирање дека статусот на УНЕСКО не треба да наштети на развојот на туризмот.“– вели Муцунски.

Меѓу проблемите што и натаму го загрозуваат регионот се нерешеното урбанистичко планирање, бесправното градење, континуираниот притисок од нови градби и бавното решавање на отпадот и отпадните води. Според оцената на Комитетот, нивното влијание предизвикува сериозно нарушување на исклучителната вредност поради која регионот е под заштита. Претходно, претседателот на владата оцени дека актуелната состојба е резултат на проблеми наследени со децении и дека за две години не може да се поправи она што, според него, било уништувано повеќе од три децении.

Регионот има статус на светско наследство на УНЕСКО од 1979 година и се смета за едно од највредните природни и културни богатства во Европа.