Реклама

30 парични казни и 12 забрани за работа по вондредните инспекции во гостиварско

Деновиве во Кореја се одлучува за статусот на Охрид во УНЕСКО

Мицкоски: Водата во Гостивар до крај на неделата ќе биде за техничка употреба

Словенечки модел за ставање крај на злоупотребите на боледувањата

Летнатите кровови отворија сомнежи – почнуваат проверки на градежните стандарди

Мицкоски: Размислуваме за повторно намалување на ДДВ од 18% на 10%

АХВ: Во Гостивар изречени 30 казни и затворени 11 нерегистрирани оператори

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Прилози

Деновиве во Кореја се одлучува за статусот на Охрид во УНЕСКО

По години предупредувања и бројни препораки, судбината на  Охрид повторно е во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По години предупредувања и бројни препораки, судбината на  Охрид повторно е во фокусот на Комитетот за светско наследство на Унеско. Во Бусан ,Република Кореа се очекува донесување на одлука од која ќе зависи дали Македонија ќе добие нова можност и дополнителен рок  да ги исполни барањата и да го зачува статусот на едно од највредните светски наследства.

Претседателката Гордана Силјаноска Давкова цени дека дополнителното време би било нова, но можеби и последна шанса државата да покаже одговорен однос кон Охрид. Според неа, УНЕСКО не очекува само ветувања, туку конкретен план, јасни рокови и видливи резултати кои до сега како што вели не ги покажавме во заштитата на природното и културното богатство како цивилизациска придобивка.

Мислам дека треба закон да се донесе за Охрид и за околината, со точно предвидени постапки што е забрането, што не е забрането, што не смее да се допре. Но мислам дека она што го бара УНЕСКО од нас, не е да се справиме со проблемите што се очигледни, туку да покажеме отворено воља и спремност да почнеме одговорно да се однесуваме кон Охрид  вели Гордана Сиљаноска Давкова-Претседател на Македонија

Реклама

При неодамнешната посета на Охрид, Премиерот, истакна дека Владата побарала дополнителен период за да се исправат пропустите создадени во изминатите децении.

 Шест години бараме период во кој што тоа што било констатирано во минатото, ќе го исправиме. Не можеме едноставно супермени да бевме за две години, не можеме да исправиме нешто што е три и пол децении расипувано, а во овој случај, богами и малку повеќе. Кога станува збор за дивоградбите и за сето тоа кое што е направено покрај Охридското крајбрежје. Така што, ние побаравме ги аргументиравме нашите позиции “-рече премиерот Христијан Мицкоски

Расправата за охридскиот Регион сè уште не дојде на дневен ред на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Бусан. Одлуката за неговиот статус се очекува во продолжението на заседанието, кога ќе биде познато дали Македонија ќе добие дополнителен рок за исполнување на препораките или ќе се најде на листата на светско наследство во опасност.