Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Летнатите кровови отворија сомнежи – почнуваат проверки на градежните стандарди

Градежните комапнии под лупа. Ќе се испитува која од нив не ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градежните комапнии под лупа. Ќе се испитува која од нив не ги испочитувала строгите критериуми при градба што беше причина толку кровови да летаат среде Скопје. Но, прво треба да се утврди колку објекти се оштетени, колкава е штетата и дали станува збор за неквалитетна градба. Општините ги собираат податоците,а потоа ќе бидат испратени до надлежните институции.

Најголем ризик се лимените кровови, доградени на постари објекти, споделуваа граѓани на социјалните мрежи. Други алармираат дека има проблем и со новите градби.

„Кога градот ги финансираше замената на старите наводно канцерогени табли со лимен кров некаде 2017-18 година во Скопје, се ставаше лим најтенок што можеше на пазарот да се најде за да има пари за мајсторите и куќниот совет се разбира“, стои во една објава на платформата Икс.

Реклама

„Летнаа крововите на зградите од комунизмот кои се направени со рамни кровови и станарите накнадно си ставиле покрив од лим“, се алармира во друг статус.

„Од невремето се виде квалитетот на градбите во Скопје!!! Ако мавне некое послабо торнадо, чудесијава ќе изгледа како воена зона“, наведува друг граѓанин.

Градоначалниците засега не можат да споделат официјални бројки за оштетени објекти, зошто контролите се во тек.

„Доколку имаме вакви појави ќе побараме соодветна докуменација од управителите за да видиме дали таа градба е градена согласно проектната документација, дали таа градба била безбедна или небезбедна, доколку имаме такви појави ќе ги информирам е надлежните институции. Во овој момент во Гази Баба немаме пријавено штета на некои од колективните домувања, тука пред се мислам на згради и слично. Имаме кров летнат над основно училиште каде што веќе превземаме конкретни чекори за негова санација и пријавени се досега 14 штети на индивидуални објекти, тука пред се мислам на куќи“, изјави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

И во општина Центар, која беше една од најпогодените во силното невреме, екипите се на терен и се вршат проценки.  

„Уште од првиот момент сме на терен со сите наши служби да им помогнеме на граѓаните. Паралелно со расчистувањето на последиците, работевме и на системско решение за финансиска поддршка на најпогодените“, изјави градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

Општинските градежни инспектори, инспекторите за домување и другите надлежни служби сите ќе работата за откривање на недоследностите при градба, најави претходно  градоначалникот Ѓорѓиевски.