Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Свет

Кризата меѓу САД и Иран дополнително ескалира

Кризата меѓу Соединетите Американски Држави и Иран дополнително ескалира по новите американски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кризата меѓу Соединетите Американски Држави и Иран дополнително ескалира по новите американски напади врз ирански воени цели и инцидентот со нафтен танкер во Ормускиот Теснец. Според американската војска, танкерот бил нападнат откако екипажот не одговорил на повеќекратните предупредувања, додека операциите биле насочени кон воени капацитети за кои Вашингтон тврди дека се користат за загрозување на пловидбата низ теснецот.

Во исто време, иранските медиуми јавија за нови воздушни напади врз Техеран и други делови од земјата, додека Техеран соопшти дека возвратил со напади врз Бахреин и Кувајт. Иранските власти тврдат дека во последните американски напади загинале повеќе од 35 лица, а над 300 се повредени.

Ескалацијата на конфликтот предизвика раст на цените на нафтата, при што суровата нафта „Брент“ надмина 85 долари за барел. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран наскоро ќе биде поразен и најави можност за проширување на американските операции со цел повторно отворање на Ормускиот Теснец, додека Техеран предупреди дека може да го прекине регионалниот извоз на енергенси доколку продолжи американскиот притисок.