Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири. Само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири. Само во јули во земјава се потврдени десет нови жаришта, од кои четири во источниот регион. Болеста е регистрирана во одгледувалишта во Саса и Косевица, Македонска Каменица, Соколарци во Чешиново-Облешево, Бигла кај Делчево и во селото Малино, во Свети Николе.

Агенцијата за храна и ветеринарство досега уништи повеќе од 1.400 животни, а депопулацијата ќе продолжи и во новите жаришта, откако ќе бидат обезбедени локации за нивно безбедно отстранување. Во регионот најпогодено е селото Соколарци, каде поради ширење на болеста беше уништено стадо со 262 овци. Сточарите чии животни ќе бидат уништени поради заразата ќе добијат финансиски надомест од државата.

„На записник, со потврдена сопственост на животните и маркици, ќе достават список за обештетување. Од она што јас го размислувам како градоначалник на општината, нормално е да бидат обештетени сопствениците чии стада ќе бидат зафатени од оваа болест, без разлика дали животните угинуваат пред да биде извршена евтаназија“, изјави градоначалникот на Чешиново-Облешево, Јорданчо Костадинов.

Реклама

АХВ одржа итен состанок со здруженијата на одгледувачи на овци и Сојузот, на кој беше разгледана актуелната состојба. Беше посочено дека болеста не претставува опасност за луѓето, а беа презентирани и мерките за нејзино сузбивање.

Во заразените одгледувалишта се спроведуваат строги мерки, се врши депопулација на цели стада, дезинфекција и епидемиолошки испитувања. Во сила остануваат забраните за движење и транспорт на овци и кози во заштитните зони.

Производите од погодените подрачја се ограничени за промет, а млекото може да се користи само по термичка обработка. Првиот случај беше регистриран во јануари во кумановскиот регион, а погодени од болеста досега се над 2.700 животни.