Реклама

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Прилози

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Во понделник ќе се знае дали Скопје наскоро ќе добие нови модерни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во понделник ќе се знае дали Скопје наскоро ќе добие нови модерни електрични автобуси. Четири компании аплицирале на јавниот повик. Понудите во моемнтов ги разгледува евалуациска комисија составена од експерти од Министерството за транспорт и од Машинскиот факултет. Кои се понудувачите сега , не се открива.

-Во понеделник ќе го добијам извештајот, она што можам да го кажам, односно за што бев информиран е дека четири компании аплицирале, во понделник јавно ќе ве запознаеме со извештајот и со наодите во извештајот и се надевам, навистина се надевам, дека овој пат повикот ќе е успешен и дека ќе имаме успешна набавка на автобусите, изјави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Инаку на првиот тендер во мај најповолен понудувачи беа компаниите „Електробус- Икарус“ во делот на автобусите и австриската ЕВН за станиците за полнење. Истиот беше поништен откако една од четирите компании кои конкурираа поднесе жалба, која беше прифатена. Николоски се надева дека јавниот повик сега ќе биде успешен.

Реклама

-Искуствата од минатиот повик се надевам се поука и за компаниите да подготват добра документација и квалитетна документација. (Европски компании се?) Па тоа го немам, тоа ќе го имам во понеделник. (Дали некои од компаниите се повторуваат од претходните повици?) И тоа ќе го знам во понеделник, детално ќе испратиме во понеделник, кои компании аплицирале, со кои услови, изјави Николоски.

Со овој тендер треба да се набават 150 нови електрични автобуси и 75 станици за полнење. Сто автобуси се предвидени за Скопје, додека останатите 50 за други градови во државата.

Матеја Петровски