Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

По неколкучасовна борба со огнената стихија, пожарот во Бајково, во подножјето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По неколкучасовна борба со огнената стихија, пожарот во Бајково, во подножјето на планината Огражден, е ставен под контрола. Пламените јазици беа запрени на само неколку метри од црквата „Св. Петар и Павле“ и од куќите во селото. Доброволци цела ноќ го чуваа храмот, не дозволувајќи огнот да го проголта.

И денеска околу 30 пожарникари, припадници на Граничната полиција, Национални шуми и доброволци, остануваат на терен. Огнената линија е обиколена и под постојан надзор, а надлежните очекуваат пожарот целосно да биде изгаснат без потреба од нова воздушна поддршка.

„Утрово на состанокот на Кризниот штаб се договорени тековните активности, како што е теренската активност и визуелното следење на пожарот. Се надевам дека повеќе нема да има потреба од воздушна поддршка, туку ќе се потрудиме тука, ние локално, да успееме да го изгаснеме“, изјави градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов.

Реклама

Првичните индиции се дека пожарот најверојатно е предизвикан од човечки фактор. Опожарени се околу десет хектари, но материјална штета нема. Селото Бајково, кое целосно е иселено, не е зафатено од огнената стихија. Од ЈП „Национални шуми“ објаснуваат дека последиците по дрвниот фонд не се големи.

„Се работи за слаба, деградирана, ниска дабова шума. Површини што се голини, односно трева, смрека и трња. Штетите по однос на дрвниот фонд во овој пожар нема да бидат големи, меѓутоа она што можеше да се случи е сериозно за помислување“, изјави заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов.

Градоначалникот на Ново Село упати апел до граѓаните да бидат внимателни и да не палат оган на отворено. Само вчера во струмичкиот регион се регистрирани четири пожари, при што огнот се доближил до куќи, а во еден случај е опожарена и земјоделска механизација.