Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Економија

Николоски: Задоволен сум од динамиката за меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, наскоро и автопат од Букојчани до Кичево

Задоволен сум од досегашната динамика за изградба на меѓудржавниот пат од Тетово…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Задоволен сум од досегашната динамика за изградба на меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, а во следна фаза ќе одиме на финансирање, истакна министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски во одговор на пратеничко прашање поставено од пратеничката Рина Ајдари, во врска со најавената изградба на магистралниот пат од Тетово до Призрен.

На денешната собраниска седница, министерот и заменик претседател на Владата, Николоски, најави изградба на нов автопат кој ќе води од Букојчани до Кичево и ќе се спои со автопатот Охрид-Кичево, проект кој, како што рече Николоски, доби т.н. „no objection“ од Европската банка за обнова и развој.

– Динамиката на меѓудржавниот пат меѓу Тетово и Призрен, еден од споевите меѓу Македонија и Косово, оди добро. Во рамки на Јавното претпријатие за државни патишта формирана е меѓуресорска комисија која што работи на изработка на потребната документација, а ја подготвува Градежниот факултет. Во условно кажано полесниот дел од проектот работата е завршена, иако проектот е доста комплициран. Сега се побарани податоци од Градежниот факултет во однос на прекуграничниот тунел затоа што идејата е со прекуграничен тунел да се спојат двете држави. Побарани се податоци и од Република Косово затоа што тунелот ќе почнува на наша територија, а ќе заврши на територија на Република Косово и по добивањето на податоците, Градежниот факултет ќе почне со проектирање и на тунелското решение. Исто така формиравме меѓудржавна комисија со претставници од двете држави за развој на овој проект. Во комисијата има претставници од Министерството за транспорт, од ЈПДП и од Владата на Република Косово. На мојата последна средба со министерот во Солун, која што беше пред три недели, разговаравме за овој значаен проект и утврдивме заеднички активности. Проектот солидно се развива и треба да се знае дека се работи за исклучително комплициран проект затоа што теренот на двете страни е комплициран. Станува збор за Шар Планина и треба да се очекува дека тоа ќе биде скап проект, посочи министерот и вицепремиер Александар Николоски.

Реклама

Пред пратениците во македонското Собрание, Николоски потсети дека е потпишан договор за изградба на автопатот Скопје-Блаце, а наскоро ќе биде промовиран и проектот за автопат кој ќе води од Букојчани до Кичево.

– Сакам да кажам дека потпишавме договор за изградба на автопатот Скопје-Блаце, а за многу брзо време јавноста ќе ја информираме за уште еден многу голем проект за што добивме т.н. „no objection“ од Европската банка за обнова и развој, изградба на уште еден автопат, а тоа е автопатот што ќе води од Букојчани до Кичево, односно автопат кој што треба да го спои автопатот Охрид-Кичево со автопатот Букојчани-Гостивар-Тетово. Тоа е една убава вест за граѓаните, нагласи министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски на денешната седница за пратенички прашања во македонското Собрание.