Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Економија

Мицкоски: Имаме убедливо најниска цена на горивото, остануваме посветени на таа политика

Владата останува посветена на политиките во однос на цените на горивата во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата останува посветена на политиките во однос на цените на горивата во насока на подобар стандард за граѓаните – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по извршениот увид во активностите за регулација на коритото на Сува Река во општина Сарај. 

Осврнувајќи се на новите воени интервенции во Заливот од страната на САД и Иран и повторното затворање на Ормуската Теснина, нагласи дека повторно сме пред предизвици за цените на горивата.

– Ние сето тоа го антиципираме. Кризната состојба е до 20 јули. Мислам дека веќе се исполнети условите од понеделник да имаме повторно намалување на акцизите за безоловниот и за дизелот – изјави Мицкоски.

Реклама

Според него, потребно е денеска да се затворат берзите и да се направи анализа за првите 15 дена. 

– Остануваме посветени на таа политика. Имаме убедливо најниска цена на горивото. Некој ќе рече „ама платите кај нас какви се, во Германија какви се“. Да, ама цената на горивата е од берза, од таму каде што купува Германија, купуваме и ние. Не купуваме ние од друго место, ние немаме во двор извор на нафта, па од тој извор на нафта да ги полниме резервоарите на нашите автомобили. ​Прашањето е зошто е таму двапати поскапо? Зошто во Албанија е 70 % поскапо? Зошто во Грција е речиси двапати поскапо? Зошто во Србија е 50 % поскапо? Тоа се политиките на оваа Влада во насока на подобар стандард за граѓаните – рече Мицкоски.