Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Државата отвора речиси 1400 можности за нови вработување. Надлежните ќе платат дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државата отвора речиси 1400 можности за нови вработување. Надлежните ќе платат дел од трошокот, а компаниите ќе вработуваат нови луѓе. Преку јавниот повик од Оперативниот план за вработување на фирми, тежок 5,4 милиони евра, се очекува работа да најдат младите и ранливите категории. Повикот е отворен до 24 јули, а грантот достигнува и до 250 илјади денари за секој нов вработен.

„Работодавачот, кој вработува невработено лице до 29 години, е должен да го вработи на неопределено време, со полно работно време, и да го задржи во работен однос најмалку 15 месеци, лицата од ранливите категории треба да ги задржи најмалку 12 месеци, а лицата што ги вработиле, а имаат над 29 години, треба да ги задржат најмалку 9 месеци во текот на годината. Услов за поддршката е лицата да имаат средно или високо образование и да бидат активни баратели на работа, барем еден ден да бидат пријавени во Агенцијата за вработување. Платата ќе зависи од компаниите, но нема да биде под минималната. Ние, како што веќе кажав, за секое вработено лице даваме субвенции во однос на возраста и категоријата. Лицата кои треба да бидат задржани ќе се мониторираат – дали ги исполнуваат условите во однос на месеците кои треба да ги задржат “- објасни заменик министерот за економија, Марјан Ристески.

Од стопанските комори го поттикнуваат бизнис секторот да се пријавува на јавниот повик. Од таму велат дека оперативниот план ќе им помогне на компаниите полесно да обезбедат кадар и да ги пополнат слободните работни места, а воедно ќе се намали и стапката на невработеност во државата.

Реклама

Стопанската комора ја следи потребата и секогаш активно придонесува во обезбедување на кадар и и ницира за мерки во оперативен план. Ние им даваме поддршка да аплицираат бизнисите и да станат дел од носителите на оваа мерка, да има и одржливост и да ги исполнат критериумите.“- вели проектниот менаџер на Стопанската комора, Наташа Јаневска.

„Има речиси 100.000 невработени, но не можеме да најдеме кадар што ни е потребен. Лесно можеме да ја намалиме бројката на невработени за половина, можеме да апсорбираме околу 50.000, но нема тоа што ние бараме“ – нагласи претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Нухи Алиу.

Од ССК ја поздравуваат оваа мерка. Од таму сметаат дека мерката дури може да опфати повеќе невработени, а секако тие да останат на своите работни места.

Според нас можеби треба и да се оди подлабоко да се зголеми бројот на вработени во компаниите што ќе влезат, многу е важно да вработат повеќе луѓе, мислам дека ќе има многу интерес, градацијата е во ред.“- вели Горан Ѓорѓиевски од Сојузот на стопански комори.

Во првите два дена од повикот имало дури речиси 630 пријави од компании за вработување на повеќе од 790 лица.