Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Tоп

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Нов Клинички центар, задолжителен отисок од прст за сите вработени во јавното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов Клинички центар, задолжителен отисок од прст за сите вработени во јавното здравство,темелна реконструкција на болниците во Штип Тетово и Куманово, нова опрема и дигитализација на системот. Новиот министерот за здравство, Сашо Клековски најавува темелни промени во секотрот кој ќе го раководи.Во фокусот на неговата работа како прв човек во здравството е и битката со одливот на лекари и медицински сестри, да им се подобрат условите за работа, за медицинскиот кадар да остане дома.Клековски ветува и построга контрола на трошењето на парите, модерно управување со здравството и крај на проблемите со недостигот од лекови и медицински материјали. Амбициозниот план на Клековски се очекува да го промени лицето на македонското здравство.

“Позитивната листа, по децениската заспаност, ја зголемивме трипати, успеавме да добиеме пониски цени преку генеричката конкуренција и покажавме дека со мали измени со префрлување на лековите од болничка употреба во аптека можеме да им го олесниме животот на пациентите, зборувам за онколошките пациенти, меѓутоа и на Клиниката за онкологија” – рече Клековски.

Пред да седне во министерската фотелја, Клековски раководеше со ФЗОМ. Во отчетот за сработеното се пофали дека за две години буџетот на Фондот е зголемен за околу 156 милиони евра, со повеќе средства за болниците, лековите и современите терапии.По години без промени, освежена е и Позитивната листа со 13 нови лекови. Намалени се цените на дел од терапиите, воведени се нови превентивни прегледи, трипати се зголемени платите на здравствените работници, а според Клековски, олеснет е и пристапот до лекување во странство.

Реклама

“За методологијата на водење на евиденцијата ќе разговараме со директорите, кои мора да имаат законски утврдена евиденција и тука нема да има отстапки” – додаде Клековски

Во македонскиот здравствен ресор за 10 години се сменија и десет министри, а само во последниве неколку години од 2020 година се променија околу пет. Најнов министер е Сашо Клековски, кој на функцијата доаѓа по владината реконструкција, на местото на Азир Алиу.Најдолго на чело на Министерството беше Никола Тодоров – речиси шест години.

Арбен Таравари е единствениот што двапати беше министер, но ниту во еден мандат не остана цела година. Освен Тодоров, кој е правник, и Алиу, кој доаѓа од ИТ-секторот, сите останати министри биле лекари.