Реклама

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Прилози

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

18 годишна девојка од село Лојане и две малолетнички од Куманово на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

18 годишна девојка од село Лојане и две малолетнички од Куманово на 14 и 15 годишна возраст, заработија кривични пријави за грозоморниот напад врз 14 годишно девојче. Настанот се случил на 13 март, во спортскиот центар Соколана“ во Куманово, но јавноста дозна вчера од вознемирувачката видео снимка која се ширеше на социјалните мрежи. Насилничките прво ја убедиле младата девојка да излезе од дома, а потоа ја намамиле да дојде спортскиот центар. Во една од просториите ја опколиле во ќош и почнале да ја кубат за коса и туркаат кон ѕидот. Додека и удирале шлаканици и клоци една од насилничките го снимала тепањето со мобилен телефон. На крајот трите и се заканиле на жртвата дека ќе и се случат многу полоши работи, ако случајот го пријави во полиција.

За психолозите ваквото девијантно однесување кај младите не е нешто ново, но денес е поизразито од порано затоа што насилниците сакаат поголема публика и се желни за внимание, а социјалните мрежи им го овозможуваат тоа.

И во минатото секако имало врсничко насилство, но многу е сега поистакнато со достапноста на социјалните мрежи нели денеска речиси секое дете има телефон и тоа му е достапно. Сега е веќе се користи таа негативна појав а како начин за истакнување пред другите, пред друштвото. Да се припаѓа на една група“, изјави Розета Паскали – психолог.

Реклама

Психолозите предупредуваат дека загрижувачки е и таканаречено групно насилство, кога присуството на повеќе лица го намалува чувството на лична одговорност, па ретко кој се охрабрува да интервенира.

Како толку деца има во групата околу она што се случува на децата а никој не реагира. Тоа можеби е дел од психологија на група, каде што одговорноста се дели на сите што се таму. Кога има повеќе група луѓе, тогаш одговорноста е помала на индивидуата“, изјави Розета Паскали – психолог.

Превенцијата е неопходна, а синџирот почнува од дома, порачуваат упатените. Освен со децата, потребно е континуирано да се работи и со родителите.

Емпатијата е нешто што се учи од дома. Веројатно треба да се работи и со родителите, што се тие ги научиле своите деца, за да се однесуваат така ладно,“ изјави Розета Паскали – психолог.

Случајот во Куманово е последниот во низата насилства кои беа регистрирани во полиција. Претходно слични вакви инциденти беа регистрирани во Аеродром и Ѓорче Петров. Според последните истражувања, речиси секое четврто дете, односно 23 проценти од младите на возраст од 13 до 15 години, лани најмалку еднаш биле жртви на врсничко насилство.