Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Гратис рачен багаж плус чанта, мал ранец или торба, деца до 14…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гратис рачен багаж плус чанта, мал ранец или торба, деца до 14 години бесплатно ќе седат до своите родители, доколку доцни авионот автоматска оштета од максимум 600 евра. Европската унија воведува ред во дивеењето на авиокомпаниите. Европската комисија донесе одлука со која од средината на 2027 година ќе важат нови правила за летовите во Европа. Промените претставуваат револуција во правилата на патувањето после децении поплаки од патниците кои се соочуваат со нефер практики од авиокомпаниите.

„Досега, сите патници, нивните патници, имаа многу права но само на хартија. И кога се обидуваш да имаш некаква придобивка од тие права тоа личи многу сложено, многу бирократско и 9 од 10 луѓе не добиваат ништо од нивните права, особено кога нивниот лет е откажан а тие имаат право на надомест“, изјави Андреј Новаков, европратеник

Надоместоците за задоцнет лет се движат од 250 евра за кратки летови, 300 евра за летови подолги од 3500 километри со доцнење од три до четири часа и најмногу 600 евра за доцнење подолго од четири часа или во случај на откажан лет. Во случај на задоцнет лет, патниците ќе имаат и право на освежување после 2 часа и оброк после 3 а во најекстремните случаи ќе има и бесплатно сместување и превоз.  Се олеснува и летањето на семејствата, за седење до својот придружник или партнер нема да се плаќа дополнителен трошок за трудните жени и децата како и лицата со попреченост во движењето.

Реклама

„Тоа е индустрија која генерира милијарди и тие компании имаат големо влијание врз министрите за транспорт. Беше потребно толку многу време бидејќи можеби беше тешко да се најде рамнотежата помеѓу тие интереси, помеѓу правата на патникот и чесниот и легален бизнис на летање авиони што е прекрасно“

Со новите правила предвидено е и бесплатна промена на личното име на билетот доколку е тоа пријавено најмалку 48 часа пред летот, тие што го пропуштиле појдовниот лет ќе можат да го искористат повратниот без казна.