Општина Куманово, во соработка со надлежни институции ќе преземе акции против „дивите препродавачи“ на повеќе локации најави градоначалникот Максим Димитриевски. Како што информираше Димитриевски, одржан е состанок со надлежните од комуналната инспекција, СВР Куманово Државен пазарен инспекторат, Агенција за управување со одземен имот и Агенција за храна и ветеринарство.
– Одржавме заеднички состанок со менаџерите на институциите и усогласивме план, начин на работа и динамика којашто ќе отпочне и веќе се подготвува таква акција, но не можам јавно да соопштам кога ќе биде, бидејќи ако ја соопштиме јавно кога ќе излеземе на самото место ќе видите дека таму ги нема. Ќе бидат вклучени инспектори, претставници од сите институции од други градови, ќе се направи една масовна акција – изјави Димитриевски.

Тој смета дека со акцијата ќе се отстранат голем дел од „дивите продавачи“ на локациите во населбите „Карпош“, „Средорек“, спроти градскиот пазар на „Трета Македонска“, кај стариот градски парк и кај паркот Соколана.


– Кога нашите инспектори одат на самото место со полиција, во истиот момент тоа се дислоцира и влегува на приватен посед и вие веќе како општинска инспекција немате никаква надлежност, потребен ви е пазарниот инспектор. Кога ќе се јавите на пазарниот инспектор ви вели: „Извинете, јас сум на друга работна задача и не можам да ви овозможам асистенција така натаму, секој на секого се вади, ние резултат конкретен немаме- изјави градоначалникот.
Димитриевски објасни дека постапката за одземање на стоката е сложена, особено кога станува збор за прехранбени производи, бидејќи законската процедура бара дополнителни анализи и вклучување на повеќе институции. Тој кажа дека и навиките на граѓаните да купуваат насекаде.
