Во Дебар градежните активности на неколку инфраструктурни зафати не мируваат ниту за викенд, туку се работи под полна пареа, објави градоначалникот Фисник Меља.
-Посветеноста кон граѓаните не познава одмор. Општина Дебар продолжува со работа и за време на викендот, со одговорност и посветеност, со цел да обезбеди квалитетни услуги за сите. Сите заедно за подобар Дебар, стои во објавата.

Се работи на неколку улици во градот меѓу кои „Вехби Добра”, над центарот на градот, „Сабри Карамети”, во горниот дел на градот како и на новиот булевар во населбата „Венец2″.

-Проектот за булеварот е еден од најголемите во општината во вредност од околу 530 илјади евра, патот е двосмерен, во должина од 680 метри, широчина од 28 метри, ќе има велосипедска патека, тротоари, зеленило. Ова е многу значаен зафат во интерес на жителите и развојот на овој дел на градот – додава Меља.
Посочува дека Општина Дебар останува посветена на реализација на проекти што придонесуваат за развојот на општината и благосостојбата на граѓаните.
