Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Прилози

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Започна како обнова на еден училишен објект, а прераснува во една од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започна како обнова на еден училишен објект, а прераснува во една од најголемите инвестиции во средното образование во Охрид. Со околу 100 милиони денари, охридската гимназија добива целосно нов лик. Дворот веќе е уреден, поставена е нова ограда, заменети се покривот и дограмата, реконструиран е системот за греење, а во следната фаза ќе се обноват подовите, спортската сала и фасадата. Со тоа, и последното средно училиште во градот ќе биде целосно реконструирано. Охридската гимназија, вели градоначалникот Пецаков, е еден од капиталните проекти на чија динамика работевме изминативе година и пол.

„Така што, со комплетирање на сите овие чекори ќе го имаме последното средно училиште на територија на Општина Охрид кое ќе биде тотално реконструирано и со нови, модерни услови за функционирање и изучување на оние на кои им е тоа најпотребно, а тоа секако се учениците“, вели Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

Од Владата порачуваат дека вложувањата во Охрид се дел од поширок инвестициски циклус во сите општини. При денешната посета на Охрид, премиерот Мицкоски истакна дека во изминатите три години, преку централниот буџет се обезбедени средства за околу 1.200 капитални проекти, во вредност од приближно половина милијарда евра. Дел од нив веќе се завршени, дел се реализираат, а останатите се во постапка за изведба.

Реклама

„Овој објект континуирано се реновира, се инвестира во него. Така што, ова е тоа што го очекуваа граѓаните од луѓето на кои им ја дадоа довербата да водат. И ние како Влада, локалната самоуправа, градоначалникот со својот тим овде ќе продолжиме и понатаму својот фокус да го ставаме на Охрид и да испорачуваме проекти кои ќе додадат вредност во квалитетот на животот на охриѓани и на граѓаните во Македонија“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Паралелно со реконструкцијата на гимназијата, министерката за образование најави нови вложувања во Охрид и инвестиции од околу пет и пол милиони евра. Освен модернизираниот Регионален центар за стручно образование и завршените инвестиции во електромашинското училиште, следен на ред е студентскиот дом „Никола Карев“, кој поради огромните долгови е затворен, а најдоцна на почетокот од идната година ќе биде темелно реконструиран.

„Тој е во лоша состојба, да. Ние направивме ревизија, свесни сме дека досегашното раководство крајно недомаќински работело и во моментов е во процес промена на директорот. Но, сметајте дека тој студентски дом од денес е затворен, без оглед што ќе има промена на директорот, и некаде очекувам пред крајот на годината да почне неговата реконструкција.“ 02.35 – вели Весна Јаневска, министер за образование.

Студентските домови веќе требаше да бидат реновирани, но со максимално темпо и брзина, која е дозволена и реално остварлива, ја поправаме таа состојба. Двата студентски дома во Скопје ќе почнат со работа оваа година.

Што се однесува до контролите што Министерството ги спроведува во високото образование, Јаневска посочи дека досега се затворени 18 институти и една приватна висока стручна школа. Во процес е затворање на уште пет-шест институти, а се вршат проверки во најмалку уште пет универзитети.