Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

Од следната година македонските транспортери би требало побрзо да ја превезуваат стоката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од следната година македонските транспортери би требало побрзо да ја превезуваат стоката во ЕУ преку Хрватска. Се работи на заеднички систем за елкторнска евиденција на царина. Отстранување на хартијата и воведување дигитлани документи се приоритет за ползување на вавките придобивки. Македонските транспорни компании ќе добијат обука за пополнување и користење електорнски транспортни листови од страна на Сојзуот на стопанските комори.  Ова се само дел од заклучоците од состанокот на првите луѓе на Хрватска и Македонската Царина во Загреб.

„Со оваа средба, испраќаме и силна порака: дека институциите навистина се сервис на економијата. Дека границите треба да бидат место на контрола на ризикот, а не бариера за легалната трговија. Царинските администрации од регионот и Европската Унија можат да работат како вистински партнери во интерес на економијата, конкурентноста и интеграцијата на нашите пазари. Оваа иницијатива ќе ја преточиме во конкретна оперативна соработка која треба да донесе мерливи резултати за економските оператори, компаниите, транспортерите и граѓаните на двете држави“, потенцира Бобан Николов, директорот на македонската царина.

Од следната година македонските транспортери би требало побрзо да ја превезуваат стоката во ЕУ преку Хрватска. Се работи на заеднички систем за елкторнска евиденција на царина. Отстранување на хартијата и воведување дигитлани документи се приоритет за ползување на вавките придобивки. Македонските транспорни компании ќе добијат обука за пополнување и користење електорнски транспортни листови од страна на Сојзуот на стопанските комори.  Ова се само дел од заклучоците од состанокот на првите луѓе на Хрватска и Македонската Царина во Загреб.

Реклама

Домаќинот, хрвастката царина во целост се става на располагање на македонските транспортери кои ќе можат побрзо да ја минуваат границата на ЕУ.

“Нашата цел е да изградиме партнерски однос со стопанството од двете земји, заснован на доверба, транспарентност и постојана комуникација, а денешната средба претставува одлична основа за понатамошно продлабочување на соработката меѓу Хрватска и Македонија. Ефикасната соработка помеѓу двете Царини ќе биде основа за  развој на економиите на двете земји“, изјави Марио Демировиќ, директор на хрватската царина.

Од Сојузот на стопанските комори на Македонија најавија дека тие веќе следниот месец ќе организираат обуки за транспортерите да бидат подготвени за примена на дигиталните алатки.

Сојзуот на стопанските комори преку програмата Хелветас Рекономи прво ќе организира тренер за тренери, а тоа значи за три нивоа на транспортни компании, односно три нивоа на луѓе кои работат во тие транспортни компании, едната обука ќе биде за менаџери, втората ќе биде за средно ниво за менаџмент или диспечери, а третото ниво ќе биде за шофери. И тиа обуки ќе се одвиваат во текот на месец август и септември оваа година. Така да со тоа можеме да кажеме дека нашите транспортери, нашите транспортни компании ќе бидат сосема спремни за таа дигитална писменост и управување со електронските транспортни документи, изјави Драган Пехчевски, Претседателот на УО на ССК.  

На состанокот станало збор и за дозволите на македонските транспортери за влрез и излез од Европската Унија. Иако тоа не е во надлежност на царините, сепак тие очекуваат преку дипломатијата да се забрзаат овие процедури и во скоро време македонските возачи да ја надминат и оваа бариера за ограничување на престојот во ЕУ.