Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Не сакаше да и се обрати на Гордана Димитриеска Кочоска како на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не сакаше да и се обрати на Гордана Димитриеска Кочоска како на  министерка за финансии, па ја нарече сметководителка. Николче Јанкуловски, пак за некои е само професор, но не и заменик министер за финансии. Бурни реакции по вчерашниот  на пратеникот од редовите на СДСМ, Фатмир Битиќи на комисиската расправа  за ребалансот на буџетот во Собранието. На неговите иронични коментари реагираа и присутните пратеници.

-Бездната во којашто пропаѓате е многу длабока. Имате уште да одите надолу и во тоа ве смести сметководителката и професорот, изјави Битиќи.

„Министерката за финансии потценувачки ја нарековте сметководителка и заменикот министер исто така со потценување како професор, бидејќи вие сте биле експерт којшто тука моли да држи некому часови. Веројатно нема студенти таму кадешто треба да ги држи“ – кажа Дафина Стојановска.

Реклама

Реакција стигна и од Советот за унапредување и надзор на сметководствената професија. Оттаму го осудуваат потегот на Битиќи. Реагираат бидејќи го користел статусот сметководител во негативен контекст, а со намера да ја омаловажи министерката. Сметаат дека не смее да се дозволи, во недостаток на економски аргументи за дебата, да се посегнува кон понижување на една цела професија. Од Советот додаваат дека сметководителите се од витално значење за државата и се луѓе кои го носат товарот на даночниот и фискалниот систем на државата. Очекуваат јавно извинување од Битиќи.

„На пратеникот му укажуваме дека сметководителите се високопрофесионални кадри со докажан интегритет, кои со апсолутна посветеност ги пресметуваат фискалните давачки и директно придонесуваат кон даночната и економската стабилност на државата. Потценувањето на нивниот труд е  потценување на целиот деловен и економски систем“- велат за Советот за унапредување и надзор сметководствената професија.

Реакција стигна и од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата сметаат дека Битиќи ја навредил министерката како носител на јавна функција, која меѓу другото е и жена, мајка, ќерка и активен граѓанин на Република Македонија, човек со интегритет и докажана професионалност.

„Само човек кој е несигурен во себе прибегнува кон ниски напади врз жена, сопруга и мајка. Фатмир Битиќи, наместо јавноста да го препознава по професионалноста и својата работа, е познат единствено по својата етничка припадност во СДС, врз која ја гради својата политичка кариера, и по ништо друго. Веројатно и во СДС, а сигурно и Албанците, исто како и Македонците, се срамат што го имаат Фатмир Битиќи. Освен по тоа што по својата вокација беше неспособен министер за економија, ќе остане запаметен како дел од неспособниот и криминален мозаик на тандемот ДУИ–СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Инаку, расправата за ребалансот на буџетот трае и денеска. Во моментот има амандманска расправа. Поднесени се 224 амандмани.