Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Економија

Мицкоски: Она што го прави Левицата за Изборниот законик е театар за нивниот мал број гласачи

Премиерот Христијан Мицкоски сè уште го чека предлогот на опозицијата за Изборниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски сè уште го чека предлогот на опозицијата за Изборниот законик со цел тој да биде донесен, а со тоа државата да ги исполни сите од предвидените 10 реформски чекори, кои треба да се завршат до средината на месецот, а се од интерес на граѓаните. Пратениците од владејачкото мнозинство, вели, имаат усогласен став дека ќе се прифати секој предлог на опозицијата со вградени препораки на ОБСЕ-ОДИХР и содржано гласање на дијаспората. Она што го прават од опозициската Левица со Изборниот законик, вели, е театар за нивниот мал број гласачи. 

– Од страна на владејачката група на пратеници во парламентот имаме усогласен став, кој вели: Кажете што сакате, ставете го на хартија, ние ќе го прифатиме. Само да биде содржано гласањето на дијаспората. Една изборна единица? Една изборна единица. Повеќе пари? Повеќе пари. Еве ние ќе намалиме од кај нас, иако сме најголема политичка партија, нека биде за нив. Немаме никаков проблем. Сѐ што мислат дека тие треба да направат, ние ќе го прифатиме. Но, за жал, еве до денеска немаме сѐ уште никаков повратен одговор од страна на опозицијата – изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Битола. 

Појасни дека земјата имала 10 реформи што требало да ги заврши, биле во грејс-период со рок до крајот на јуни, а сега има одредено продолжување до средината на јули. Додаде дека меѓу нив е и Изборниот законик, кој е последниот што треба да биде донесен.

Реклама

– ​Ние цениме дека начинот на кој моментно гласа дијаспората, односно иселениците, не соодветствува на вистинскиот капацитет, односно тие не може да излезат во доволно голем број да го дадат својот глас, да го реализираат своето право. Особено иселениците во Австралија, Канада и другите прекуокеански земји. Тие треба 10 часа да летаат натаму-наваму за да го остварат своето право. Ние се обидовме да дадеме предлог, кој беше прифатен заедно со сите други измени што ги содржат препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Завршено беше сѐ, потпишан беше законот. Пратеничката група на Левицата не сакаше да го потпише. Велат, „ние се сложуваме со сѐ, благодариме што ни дадовте повеќе пари. Еве, нема проблем, ќе си ги потрошиме“. Ова што сега го прават нема никаква врска со вистината – рече Мицкоски.

Додаде дека она што сега го прават од Левицата е театар за мал број гласачи кои сѐ уште им веруваат.

Потенцира дека ако вака се однесуваат сега, може да се замисли што ќе се случува доколку тие добијат можност да управуваат со некоја институција.

– Велат, ние не се потпишуваме со вас, знаете ние сме Робеспјерови следбеници, не можеме со вас. Така не може. Ако сакате да учествувате, ќе мора и да имате одговорност. И така рековме не може. ​Потоа настапи втората опозициска партија, СДСМ, па поднесоа илјадници амандмани. Секој си наоѓаше некаква забелешка. Затоа дадовме јасен предлог и кажавме  – седнете, договорете се во опозицијата што сакате, како сакате, дајте предлог во кој ќе е вклучено гласањето на дијаспората и ние бланко го поддржуваме. Сѐ што сакате, ние бланко ќе ви поддржиме. Само дајте да го завршиме ова до 15 јули за да може десетте чекори да ни бидат успешно завршени, за да можеме да идеме во следна фаза – рече премиерот.

Додаде дека сè уште нема усогласен став на опозицијата, иако оттогаш поминале неколку дена. 

– Кога зборувам усогласен став на опозицијата, тука мислам на СДСМ, Левицата, Демократската унија за интеграција и дел од пратениците што сега како да функционираат во рамките на парламентот, но еве ќе ги наречам пратениците на Зијадин Села, пратениците на Арбен Таравари – истакна Мицкоски додавајќи дека тие во моментот се опозиција.