Западна Европа го регистрираше најтоплиот јуни откако се водат мерења, покажуваат најновите податоци на европската служба за следење на климата „Коперник“.
Просечната температура во регионот била за повеќе од три степени над долгогодишниот просек, а екстремните горештини дополнително ја влошија сушата и придонесоа за ширење на шумските пожари. Франција и Шпанија се меѓу најпогодените земји, каде што огнената стихија зафати десетици илјади хектари, додека Европската Унија испрати дополнителни пожарникари и специјализирани авиони за помош.
Научниците предупредуваат дека климатскиот систем продолжува да се загрева, што носи се почести и поинтензивни топлотни бранови, со сериозни последици врз населението, природата и инфраструктурата.
