Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Македонија има најниска стапка на инфлација во споредба со земјите од регионот.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија има најниска стапка на инфлација во споредба со земјите од регионот. За Владата и премиерот Христијан Мицкоски, следниот предизвик останува навременото обезбедување енергенси за граѓаните и стопанството, како и одржувањето на инфлацијата под 2 проценти. За Мицкоски глобалните кризи, особено војните во Украина и на Блискиот Исток, директно влијаат врз економските движења и цените. Посочи дека продолжувањето на воените конфликти може дополнително да влијае врз светската економија, а последиците се нешто на што малите економии тешко можат да влијаат.

„Ние во моментот во јуни успеавме да имаме најниско ниво споредено со сите држави во регионот. Посебно ме радува тоа што кај храната е 2,5 проценти, односно кај обувките и облеката е под 2,1 односно е под 3 проценти, до 3,4 проценти контрибуираат тутунот, тутунските производи и алкохолот и исто така транспортните услуги поради високите цени на горивата“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Владата, според премиерот, ги следи состојбите со цените на енергенсите и е подготвена повторно да ги активира мерките за намалување на цените на горивата доколку за тоа има потреба.

Реклама

„Го следиме тој процес, ќе видиме како ќе се одвиваат, секако дека мерките ни тојат на располагање. Битолчани се сведоци како дел од сосдите доаѓаат тука  и ги кроистат потенцијалите на бензиските пуимпи кои се во Битола и околината за да ги наполнат своите автомобили со гориво. Што значи дека ние обезбедуваме и за нив. Не само за нашите потреби. Статистички имаме најниска цена и убедливо најниска цена. Некои ќе рече ама нашата плата колкава е, а колкава е цената на бензините и на дизелот, да така е, но тоа е берзански производ. Тоа не зависи од претприемачка логика и политики на Влада. Тоа е берзански производ и сите од иста берза купуваме. Процесот е како го менаџираме од тој момент додека го користат граѓаните“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Мицкоски упати апел дека Владата има јасен план и резервни механизми за одговор на можните светски кризи. Изрази надеж дека војните во Заливот и Украина ќе завршат што поскоро, по што, во услови на мирен период, ќе може појасно и поструктурирано да се одговори на економските предизвици.