Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Економија

По 19 години, нова уредба за квалитет – само горивата што ги исполнуваат стандардите ќе може да се пласираат на пазарот

По речиси 19 години примена на Правилникот за квалитет на течните горива,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По речиси 19 години примена на Правилникот за квалитет на течните горива, стапи во сила новата уредба за квалитет на течните горива, со која се воспоставуваат прецизни стандарди за квалитет на течните горива, поголема сигурност за потрошувачите, фер услови за компаниите и поуреден домашен пазар – соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС).

Како што наведува МЕРМС, уредбата е донесена во согласност со член 257 став (1) од новиот Закон за енергетиката на предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, и претставува значаен чекор во модернизацијата на регулативата во оваа област. Со неа детално се уредуваат видовите и карактеристиките на течни горива што може да се пласираат на пазарот, начинот на утврдување на квалитетот, постапката за следење на квалитетот, како и обврските на сите учесници на пазарот на сурова нафта, нафтени деривати и горива за транспорт. Особено значајно е што новата регулатива воспоставува еднакви правила за сите учесници на пазарот, со што се намалува просторот за злоупотреби и нелојална конкуренција. На тој начин компаниите што работат во согласност со законските прописи добиваат пофер и попредвидливо деловно окружување.

– Со новата уредба се воспоставуваат јасни и современи правила за тоа какви течни горива може да се пласираат на домашниот пазар, како се утврдува нивниот квалитет и како ќе се следи неговото почитување. За граѓаните, ова значи поголема сигурност дека горивата што ги користат ќе ги исполнуваат пропишаните стандарди за квалитет, а преку јасно утврдени правила и механизми за контрола дополнително се зајакнува заштитата на потрошувачите – истакнува МЕРМС и додава дека примената на повисоки стандарди за квалитет на течните горива ќе придонесе и за намалување на штетните емисии во животната средина, што претставува важен чекор кон почиста животна средина и поодржлив енергетски сектор.

Реклама

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска вели дека донесувањето на новата уредба претставува уште една значајна реформа со која Министерството воведува современи правила и воспоставува повисоки стандарди во секторот.

– По речиси 19 години, ја заменуваме застарената регулатива со нова уредба, која носи јасни правила и стандарди. Нашата цел е граѓаните да имаат поголема сигурност во квалитетот на горивата што ги користат, компаниите што работат законски да бидат заштитени од нелојална конкуренција, а пазарот да функционира по јасни и еднакви правила. Ова е воспоставување ред – така ги штитиме граѓаните, го штитиме чесното стопанство и градиме модерен и доверлив енергетски сектор – изјави министерката Божиновска.

Со донесувањето на новата уредба, Министерството продолжува со имплементацијата на новиот Закон за енергетиката и постепената замена на застарената регулатива со современи прописи, кои обезбедуваат повисоко ниво на заштита на јавниот интерес, поголема правна сигурност и поуреден, поконкурентен и потранспарентен пазар на течни горива.