Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Нови улици, училишта, градинки, водоводи, канализации и спортски објекти. Со забрзано темпо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови улици, училишта, градинки, водоводи, канализации и спортски објекти. Со забрзано темпо градоначалниците ги реализираат проектите што добија финансиска поддршка од Владата преку поволниот унгарски кредит.

Одобрени се над 1.100 проекти со вкупна вредност од 300 милиони евра, од нив целосно се завршени 446.

И покрај недостигот од градежна оператива и одредени проблеми со изведувачите, од повеќето општини велат дека проектите се реализираат според предвидената динамика.

Реклама

„Во двата јавни повици вкупно добивме 12 милиони евра, што е значителна финансиска поддршка за една локална самоуправа. Аплициравме со вкупно 20 проекти на двата повика и сите ни се одобрени“, изјави Бобан Стефановски, градоначалникот на Гази Баба.

Градоначаниците велат дека со овие проекти директно се подобрува животот на граѓаните.

„Верувајте сите овие проекти се од големо суштинско значење за граѓаните на Кисела Вода и драго ми е што не застануваме тука, продолжуваме со забрзано темпо“, изјави Бети Стаменковска – градоначалничка на Кисела Вода.

И помалите рурални општини се во градежна офанзива, инвестираат во патишта, водоводи, канализации.

„Вкупно за овие четири прокети, вкупниот износ на средствата е 22 милиони 768 илјади 106 денари. Проектите се реализирани и граѓаните можат да ги почувствуваат бенефициите од реализацијата на овие проекти“, изјави Ванчо Митев – градоначалник на Зрновци.

Највреден проекто од првиот повик има Општина Куманово, 3.4 милиони евра за изградбана водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација, сообраќајници и осветлување во индустриската зона.

Во вториот повик најскап проект вреден 4 милиони евра е доградбата на основното училишта „Блаже Конески“.

Во двата повика најмногу пари доби Битола, а најголем број одобрени проекти имаат Битола, Гостивар и Шуто Оризари.

Со ребалансот на Буџетот Владата обезбеди дополнителни 16 милиони евра за продолжување на финансирањето на инфраструктурните проекти.

Од Министерството за финансии велат дека распределбата е направена според однапред утврдени и мерливи критериуми, пред сè според бројот на жители, со цел сите општини да имаат рамноправен пристап до средствата за капитални инвестиции.