Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ВРЕДИ: Со реформи и силно партнерство, Македонија напредува кон ЕУ

Заедничката седница на Владата на Македонија со еврокомесарката за проширување, Марта Кос,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заедничката седница на Владата на Македонија со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, уште еднаш потврди дека европската интеграција останува стратешки приоритет на државата и дека реформите се спроведуваат во тесно партнерство со Европската Унија, се наведува во партиското соопштение на ВРЕДИ.

Учеството на Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, на оваа средба е потврда за посветеноста на ВЛЕН европската агенда да остане во фокусот на институционалното дејствување и да се забрзаат реформските процеси што ја приближуваат државата до Европската Унија.

ВЛЕН е уверена дека процесот на европска интеграција бара континуирана посветеност, одговорно одлучување и спроведување реформи кои носат конкретни придобивки за граѓаните. Затоа, спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст останува еден од нашите главни приоритети, со цел придобивките од овој процес да ги почувствува секој граѓанин преку поефикасни институции, поразвиена економија и подобар животен стандард.

Реклама

Соработката со Европската комисија ќе продолжи да се зајакнува, а институциите ќе работат одговорно на спроведување на потребните реформи и максимално искористување на можностите што ги нуди Планот за раст.

ВЛЕН ќе продолжи да биде движечка сила на процесот на европска интеграција, покажувајќи дека со работа, одговорност и јасна визија, Македонија сигурно чекори кон полноправно членство во Европската Унија.