Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Економија

Заврши вториот ден од амандманската расправа по ребалансот на буџетот

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет попладнево заврши вториот ден од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет попладнево заврши вториот ден од расправата по поднесените амандмани на предлог-ребалансот на буџетот. Беа разгледани и одбиени околу 20 амадмани поднесени од ДУИ, СДСМ и Левица.

Поднесени се вкупно 224 амандмани од кои 90 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од ВРЕДИ. 

Левица со поднесените амандмани бараа средства за изградба на центар за селекција на отпад кај депонијата Дрисла, за додполнителна заштита на осоговските планинини, прибижно околу еден милион евра, повеќе средства за шумари ренџери во заштитениот предел Малешево во источна Македонија, 12,3 милиони денари за студија за валоризација на планината Огражден, за прогласување на Кожув за национален парк, средства за заштита на животната средина чија цел на средствата е извршување на санација на штетите од шумските пожари, за зголемување на средствата во постоечките национални паркови и да се унапреди нивната положба. Левица повлече два поднесени амандмани.

Реклама

Од ДУИ побараа средства за реконструкција и изградба на речните корита во неколлку липковски села, за изградба на пат до планинскиот дом Чеплес и изградба на неколку локални патишта во општините Чашка и Велес.

Амандманот од СДСМ се однесуваше на дополнителни средства во износ од 20 милиони денари за изградба и уредување на нов парк, однос за реконструкции, проширување на постојните парковски површини во Општина Кочани.

Вкупните приходи во ребалансот се проектирани на 379,2 милијарди денари, што е зголемување за речиси 4,2 милијарди денари или 1,1 отсто во однос на иницијалниот буџет за 2026 година. Вкупните расходи се проектирани на 425,2 милијарди денари. Обезбедени се дополнителни средства за капитални инвестиции, кои достигнуваат речиси 46 милијарди денари и се зголемени за речиси 5,8 милијарди денари што е зголемување за 14,5 проценти. Економскиот раст е проектиран на 3,5 отсто, инфлација на 4,5 проценти, а буџетски дефицит на 4,1 отсто од БДП. 

Амандманската расправа продолжува утре во 12 часот.