Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Прилози

„Еуростандард банка“ била намерно втурната во стечај со долг од над 27 милиони евра – Поднесено обв инение за раководството

По речиси шест години од пропаѓањето на „Еуростандард банка“ Обвинителството денеска отвори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По речиси шест години од пропаѓањето на „Еуростандард банка“ Обвинителството денеска отвори предмет и поднесе обвиение против четворица од поранешното раководство. Сите се сомничат дека со своето работење, одобрувале ризични кредити на кредитно неспособни лица и блиски пријатели и партнери, со што свесно ја турнале банката во стечај. Обвиненија заработија претседателот на Управниот одбор, Николчо Петковски, синот на сопственикот на банката Коста Костовски, кој во периодот од 2013 до втората половина на 2019 година ја вршел функцијата претседател на Кредитниот одбор, како и претседателот на Одборот за управување со ризици и член на Управниот одбор, Зоран Николовски. Сите се сомничат дека во период од неполни шест години, постапувале спротивно на одредбите од Законот за банки. Против поранешниот сопственик, Трифун Костовски, е поднесено обвинение за несовесно работење во службата, со што ги оштетил доверителите за повеќе од 27 милиони евра.

Првообвинетиот како претседател на Управниот одбор и член на Кредитниот одбор, второобвинетиот како претседател на Кредитниот одбор и третообвинетиот како претседател на Одборот за управување со ризици и член на Управниот одбор, во периодот од 2013 до втората половина на 2019 година, постапувале спротивно на одредбите од Законот за банките и интерните акти на банката. Со ваквото постапување придонеле банката да биде доведена во стечај, а доверителите да бидат оштетени во износ од над 27 милиони евра“, велат од ОЈО.

„Еуростандард“ банка замина во стечај во август 2020 година. Над 70% од клиентите кои имаа заштеди до 30.000 евра успеаа да си ги повратат заробените пари, додека оние со поголем износ, остатокот подоцна го бараа од стечајната маса. За стечајот на банката беше организирана и надзорна расправа во Собранието. За обвиненијата ќе одлучува Основниот кривичен суд Скопје, кој треба да оцени дали се исполнети условите за почеток на судскиот процес.