Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Tоп

ФЗОМ најави поевтини антикоагуланси и построги правила за препишување

Големо олеснување за илјадници пациенти кои примаат терапија против згрутчување на крвта.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Големо олеснување за илјадници пациенти кои примаат терапија против згрутчување на крвта. Од 1 јули, три антикоагулси– еноксапарин, надропарин и ривароксабан – се влезени на позитивната листа и веќе се достапни во аптеките. Тоа значи дека наместо да плаќаат илјадници денари од свој џеб, пациентите сега ќе плаќаат само партиципација. За еноксапарин и надропарин, лекови што досега чинеа од 1.100 до 2.700 денари, цената за осигурениците паѓа на 160 до 240 денари, а за еден од брендовите нема да има никаква доплата.

Од Фондот за здравствено осигурување велат дека ова е една од најзначајните промени за пациентите кои секојдневно зависат од антикоагулантна терапија, бидејќи животно важните лекови конечно стануваат финансиски достапни.

„Третиот антикоагулант, ‘ривароксабинот’, е за првпат на позитивна листа. Тој досега се движеше во рангот од  2.000 до 2.200 денари. Сега ќе биде достапен за партиципација од 160 денари. Во почетниот период ќе има доплата од 105 до 505 денари во зависност од дозажата и бројот на таблети. Во најчесто користената дозажа, тоа се 10 милиграма по 30 таблети, заштедата на граѓаните ќе биде 1.752 денари. ​Од 1 јануари 2027 овај лек ќе биде достапен без доплата, само со партиципација“ – изјави директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски.

Реклама

Сите граѓани кои купиле некој од овие антикоагуланси во периодот од 1 до 15 јули,  ќе си ги добијат парите назад.  Фондот ќе им ги рефундира средствата.

Од ФЗОМ најавуваат и построги правила во однос на користењето на овие лекови.. За  Клексанот, кој најчесто се користи кај трудници и пациенти со ризик од тромбоза, ќе се издава рецепт само кога има јасна медицинска потреба и по одлука на лекар-специјалист.

„Малку е прекумерна и претерана употребата на лекови, и тоа ќе мора да се стави во малку построга рамка за кои се индикационите податоци каде што може да се препишува. Меѓутоа, повторно конечната одлука, а врз основа на индикациите, е на лекар-специјалист. Лекарот-специјалист одлучува дали лекот ќе биде препишан или не. За ‘еноксапаринот’ и ‘надропаринот’, тој ќе биде сѐ уште достапен во болничко лекување бидејќи е лек што се користи во болнички услови и ќе се користи сега за продолжено болничко лекување, условно да кажам во домашни услови“, кажа Клековски.

Клексаните требаше уште минатата година да бидат ставени на позитивната листа, но поради технички и административни проблеми процедурите се пролонгираа. Претходно, позитивната листа, беше проширена со нови лекови во 2024-тата година. На ннеа се најдоа медикаменти за висок притисок, срцеви заболувања, депресија и деменција.