Реклама

Мицкоски: вратен долг од претходната Влада во износ од 700 милиони долари

Мицкоски: Опозицијата го бојкотира изборниот законик да не испорачаме 10 од 10 од реформската агенда

Отстранувањето на урбана опрема прекина хуманитарна акција во Струга

Оперативните мерки – можност за остварување на посакуваните бизнис идеи

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство по две години власт

Што нудат бројките во ребалансот?

Шест пожари во еден ден, најкритично во пробиштипско

Некои маркети ја зголемиле маржата за 2-5%, Мицкоски ќе ги повика на состанок

СДСМ си најде нови непријатели: Сите што не се согласуваат со Филипче, работеле за Мицкоски, барем според Филипче

Се продаде луксузното ауди на Мерко, со парите ќе се вратат само дел од долговите во кои ја заглави Општина Струга

Пред пратениците ребалансот на буџетот, поднесени над 200 амандмани

ЕУ: Изборниот законик е добро подготвен, очекуваме надминување на блокадата

Македонија

Муцунски во Катар се сретна со катарскиот претседател на Владата и министер за надворешни работи, Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска за време…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска за време на работната посета на Катар оствари средба со претседателот на Владата и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани.

На средбата, како што објави Муцунски на Фејсбук, биле потврдени одличните билатерални односи и биле разгледани можностите на нивно продлабочување, особено во сферата на економијата. 

-Работната посета на Државата Катар ја започнав со значајна и исклучително продуктивна средба со претседателот на Владата и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани. Ги потврдивме одличните билатерални односи и ја реафирмиравме заедничката определба за нивно натамошно унапредување преку продлабочување на политичкиот дијалог и зајакнување на соработката во повеќе области од заемен интерес, со посебен акцент на економската и инвестициската соработка – нагласи Муцунски.

Реклама

Тој информира дека на средбата размениле мислења и за актуелните регионални и меѓународни прашања, со фокус на состојбите на Блискиот Исток и пошироката меѓународна безбедносна средина, како и за натамошното унапредување на соработката во рамките на мултилатералните организации.

-За време на разговорите ја потврдивме заемната подготвеност за понатамошно продлабочување на односите меѓу двете држави.
Оваа посета, заедно со потпишувањето на повеќе билатерални документи, ќе внесе нова динамика во нашата севкупна соработка и ќе отвори нови можности зa соработка – истакна шефот на дипломатијата.