СДСМ си го зголемува кругот на самопрогласени непријатели. Сите што не се согласуваат со Филипче, работеле за Мицкоски, така барем смета Филипче. Оние кои бараат партиски реформи, поради катастрофалните резултати и политики признава дека се откажалале од партијата, но ги набедува дека биле финансирани од власта, па немало да ги коментира.
-Јас не би ги коментирал проектите на Христијан Мицкоски. Жал ми е што дел од другарите се откажаа од партијата, од својата идеологија, тоа е веќе видено. Тоа е претходниот проект ЗНАМ, кој што еве постепено пропаѓа. Ист е организаторот и ист е финасиерот, ние сме посветени на друга работа, да го окрупнуваме фронтот, изјави Филипче.
Праксата на напади продолжува, па последно на тапет се најде аналитичарот Петар Арсовски. Според СДСМ тој со години работел за партијата ,а сега гоп обвинија дека си ја продавал верата за вечера. Убедени се дека шурувал со ВМРО-ДПМНЕ.

-Јас сум отворен за било која дебата и за било која дискусија и сите тие луѓе кои што седеа таму на масата, но и многу други, кои што верувам дека ќе сфатат дека овие луѓе сакаат да ги замаат и да ги привлечат во некој друг правец, единствено нешто што може да одработат е да го ослабат СДСМ, затоа што ние од тоа не видовме јасна критика за власта. А тие т.н. новинари и аналитичари ги гледаме, како низ текот на годините, врз на основа на близината со одредени политички субјекти и поединци ги менуваат, изјави Филипче.
Инаку, поради состојбите во СДСМ, поранешни и сегашни видни партиски функционери фомираа платформа насловена „Разговори за иднината“. Од таму велат дека на Македонија и е потребен општствен договор, како основа за создавање широк опозициски потенцијал за промени.
Матеја Петровски
