Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Лингвистичка работилница „Дијалектна обработка на македонскиот јазик“

Во рамките на Научната и уметничка визита 2026 на Македонската академија на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на Научната и уметничка визита 2026 на Македонската академија на науките и уметностите, денеска во „Куќата на Уранија“ во Охрид се одржа лингвистичка работилница „Дијалектна обработка на македонскиот јазик“.

Работилницата ја организираше Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ и беше посветена на обработка на нови материјали за Македонскиот дијалектен атлас.

– На денешната програма излагања имаа акад. Марјан Марковиќ и д-р Давор Јанкулоски, кој го промовираше и дигиталното издание на „Речникот на македонските говори во југоисточниот егејски дел“ од проф. д-р Коста Пеев, во рамките на одбележување на 90-годишнината од раѓањето на проф. Пеев, соопшти организаторот на работилницата.

Реклама

Работилницата продолжува утре, кога ќе бидат одржани излагања на соработниците од Одделението за дијалектологија при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – проф. д-р Веселинка Лаброска, доп. член на МАНУ, д-р Македонка Додевска, и д-р Дарко Томовски. Нивните излагања се посветени на тековните истражувања и обработка на дијалектниот материјал.