Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Донесен Законот за парнична постапка, можност за електронска достава на писмена и одржување на судски рочишта преку електронски средства

Собранието денеска ги донесе Законот за парнична постапка во второ читање и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска ги донесе Законот за парнична постапка во второ читање и измените на Законот за судовите, по скратена постапка.

Новиот Закон за парнична постапка, кој беше донесен со 84 гласа „за“ и 9 „против“, претставува еден од клучните реформски чекори во насока на унапредување на правосудниот систем и негово усогласување со современите европски стандарди.

Со новите законски решенија се создаваат услови за побрзи, поефикасни и поквалитетни судски постапки, како и за поголема правна сигурност и подобра заштита на правата на граѓаните и правните лица.

Реклама

Законот предвидува зајакнување на улогата на судот во утврдувањето на фактичката состојба, воведување современи дигитални алатки во работењето на судовите, како и поедноставување и забрзување на постапките, особено кај споровите од помала вредност.

Меѓу значајните новини е и можноста за електронска достава на писмена и одржување на судски рочишта преку електронски средства, со што дополнително ќе се намалат трошоците и времетраењето на постапките.

Законот воведува и претставнички тужби за заштита на колективните интереси и права, со што се проширува пристапот до правда и се создаваат нови механизми за правна заштита на граѓаните.

Воедно, предвидени се поправедни и попропорционални санкции во текот на постапките, а законските решенија се усогласени со останатите системски прописи со цел обезбедување кохерентен, функционален и предвидлив правен систем.

Со изгласаните измени на Законот за судовите се дава законска можност за зголемување на старосната граница од 60 на 67 години за избор на судии–поротници, со што се придонесува кон обезбедување непречено и ефикасно функционирање на судските совети, се зајкнува кадровската стабилност, континуитетот во работењето на судовите и ефикасноста во спроведувањето на судските постапки.