Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Ѓорѓиевски: Подната фонтана повторно ќе биде симболот на Скопје

Подната фонтана повторно ќе биде симболот на Скопје. Фонтаната што некогаш мамеше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подната фонтана повторно ќе биде симболот на Скопје. Фонтаната што некогаш мамеше погледи од скопјани, гости и туристи – фонтаната што беше едно од најпрепознатливите лица на центарот на градот, по повеќе од една деценија заборав, негрижа и пропаѓање – конечно се враќа во функција, соопшти попладнево скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница.

– Ова повеќе нема да биде простор по кој ќе минуваат автомобили и тешки товарни возила. Ова нема да биде запуштено место оставено на забот на времето. Ова повторно ќе биде место за прошетка, за фотографија, за убавина, за гордост. Место што ќе го разубавува плоштадот и ќе го претставува Скопје онака како што заслужува – достоинствено, модерно и препознатливо – нагласи градоначалникот.

Тој информираше дека во моментов се изведуваат градежните активности и најави оти за само неколку дена, подната фонтана повторно ќе заживее.

Реклама

– Во изминатиот период ги вративме во функција и „Лотосов цвет“, со децении заборавена фонтана, „Воин на коњ“, „Филип II Македонски“, „Олимпија“, „Паднати борци“, плоштадот „ВМРО“, а повторно засвети и Вечниот оган. Ги враќаме симболите на градот. Го враќаме сјајот на Скопје. Го враќаме она што со години беше оставено и заборавено. Скопје живее. И Скопје мора да биде такво – убаво, достоинствено, гордо и наше. Скопје какво што го заслужуваме – пишува во објавата на Фејсбук.