Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Празнична изложба на документи и фотографии во битолската Библиотека

Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола, во изложбениот салон на библиотеката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола, во изложбениот салон на библиотеката промовира празнична изложба на документи и фотографии посветени на 11. Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ.

Посетителите и читателите, членови на библиотеката може да погледнат документи од Президиумот на Народното Собрание на Македонија, меѓу кои Законот за прогласување на денот на народното востание во Македонија за државен и народен празник, донесен во 1945 година, лично потпишан од Методија Андов Ченто, потоа фотографии од споменици кои го величаат настанот меѓу кои споменикот на народниот херој Стив Наумов, споменица на саат култата во Битола, споменик на жената борец во Тетово, партизанска споменица во Марков Манастир во близината на Скопје, статуа на Чеде Филиповски Даме во Гостивар, фотографија од Мице Козаровски и Трајко Бошковски Тарцан, првоборци убиени од фашистичкиот окупатор во 1943 година и други.

11 Октомври 1941 – Денот на народното востание на македонскиот народ е симбол на македонската борба за слобода и затоа денес ја славиме пожртвуваноста и решителноста на македонскиот народ за слобода и за создавање на самостојна, суверена и независна држава, посочија од НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола.