Реклама

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Македонија

Делегации во Кочани положија свежо цвеќе по повод 11 Октомври – Денот на народното востание

По повод 85-годишнината од почетокот на народното востание, градоначалникот на Општина Кочани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 85-годишнината од почетокот на народното востание, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов со делегации од Советот на Општина Кочани, претставници на Сојузот на здружението на борците од НОВ и на општински партиски ограноци, положија свежо цвеќе и оддадоа почит на жртвите за слободна Македонија на Споменикот на слободата и на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот на Револуцијата.

Градоначалникот Грозданов упати празнична честитка во која го истакна значењето на 11 Октомври за самобитноста и самостојноста на македонскиот народ и придонесот на Македонија во победата над фашизмот во Втората светска војна.

– Пред 85 години со нападот на полициските участоци, нашите предци не само што го покажаа отпорот и визијата за нашата држава, тие го трасираа патот што го живееме денес, тоа е самостојна, суверена и независна Македонија, во која самостојно ги креираме политиките, животот и иднината. Денес им оддаваме почит и ја носиме обврската да го продолжиме патот за поубава иднина. Нека ни е вечна Македонија и честит празникот! – рече градоначалникот Грозданов.