Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Во Струмица одбележана 85.годишнината од Денот на востанието и Денот на борецот

Со полагање свежо цвеќе пред Споменикот на револуцијата во Струмица денеска беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со полагање свежо цвеќе пред Споменикот на револуцијата во Струмица денеска беше одбележана 85. годишнината од Денот на востанието и Денот на борецот.

За значењето на празникот говореше градоначалникот, Петар Јанков.

-Кога зборуваме за овој ден, најчесто зборуваме за почетокот на борбата, за храброста на борците, за историските одлуки и за стремежот на еден народ да живее слободно. Зад секој историски настан стојат луѓе кои имале свои семејства, свои домови, свои планови и соништа. Луѓе кои знаеле дека со одлуката да се приклучат на борбата можеби се откажуваат од мирниот живот што го имале, а можеби и од можноста повторно да се вратат кај своите најблиски. Затоа, кога денес им оддаваме почит, треба да ги паметиме како синови и ќерки, родители, браќа и сестри, како наши предци кои во едно тешко време имале храброст да застанат зад идејата за слобода, рече Јанков.

Реклама

Пред споменикот и во чест на сите кои ги положиле своите животи во Народноослободителната и антифашистичка војна, свежо цвеќе положија претставници на локалната самоуправа, Сојузот на борците, политички партии, институции и здруженија на граѓани, а членови на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“ рецитираа револуционерна поезија.