Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Тошковски: 11 Октомври е симбол на храброста, непокорот и решителноста на македонскиот народ да застане на вистинската страна на историјата

Нека 11 Октомври нè потсетува дека љубовта кон татковината се докажува со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нека 11 Октомври нè потсетува дека љубовта кон татковината се докажува со дела, со одговорност и со грижа за идните генерации, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој  беше дел од владината делегација што претпладнево им оддаде почит на борците за слобода на Партизанските гробишта во Бутел.

Министерот на Фејсбук го честиташе 11  Октомври – Денот на народното востание напиша дека овој ден е симбол на храброста, непокорот и решителноста на македонскиот народ да застане на вистинската страна на историјата.

-Денеска, како дел од владината делегација, на партизанските гробишта во Бутел оддаваме почит на хероите кои во 1941 година ја започнаа борбата за слободна Македонија. 11 Октомври е симбол на храброста, непокорот и решителноста на македонскиот народ да застане на вистинската страна на историјата, во борбата против фашизмот, за слобода, правда и човечко достоинство, објави Тошковски на неговиот фејсбук-профил.

Реклама

Генерациите пред нас се изборија за слободата што ја живееме денес, вели, а „нашата должност е да ја чуваме, да ја зајакнуваме државата и да градиме Македонија во која секој граѓанин ќе се чувствува безбедно, слободно и достоинствено“. 

-Како министер за внатрешни работи  верувам дека најголемата почит кон нивната жртва ја покажуваме преку секојдневна посветеност на безбедноста, владеењето на правото и заштитата на мирот што тие ни го оставија во наследство. Нека 11 Октомври нè потсетува дека љубовта кон татковината се докажува со дела, со одговорност и со грижа за идните генерации. Нека е вечна славата на борците за слободна Македонија!, напиша министерот за внатрешни рабти.