11 Октомври е сведоштво за храброста, жртвата и решителноста против фашизмот и за слободата наместо стравот, пишува во честитката на Министерството за правда.
Денес, во Меморијалниот комплекс „Костурница“ во Куманово, им оддаваме почит на сите оние кои ги положија своите животи за слободата, достоинството и иднината на нашата земја.
Нивната жртва нè обврзува да ја чуваме слободата, да ја зајакнуваме правдата, да го почитуваме човечкото достоинство и да градиме институции што им служат на граѓаните.
Слободата не се подарува. Таа се освојува со храброст, се чува со одговорност и се пренесува од генерација на генерација.
Честит 11 Октомври – Денот на народното востание!

