Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Демократски сојуз: Историското наследство на 11 Октомври е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации

11 Октомври е еден од најзначајните датуми во македонската историја – симбол…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

11 Октомври е еден од најзначајните датуми во македонската историја – симбол на слободата, храброста, националното достоинство и непокорот. На овој голем празник, со длабока почит им оддаваме признание на сите борци кои се кренаа против фашизмот, жртвувајќи се за слободата, мирот и иднината на македонскиот народ, пишува во честитката на Демократскиот сојуз.

Востанието од 11 октомври 1941 година останува траен симбол на стремежот за слобода и право на сопствена државност. Неговото историско наследство е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации.

11 Октомври е празник на сите граѓани и ден што треба да нè обединува. Тој нè потсетува дека слободата, правдата, солидарноста и љубовта кон татковината се вредности што нè поврзуваат и нè обврзуваат заеднички да ја градиме иднината.

Реклама

Демократскиот сојуз останува посветен на демократска, просперитетна и европска Македонија, во која ќе се почитуваат слободата, достоинството и правата на секомј граѓанин.

Со гордост кон историското наследство, со единство во сегашноста и со одговорност кон иднината!

Нека ни е честит 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ!

Вечна слава на борците за слобода!