Реклама

Македонија се простува од Владо Јаневски – погребот на 1 јули во Скопје

Стабилизација на цените на нафтата носи поевтина храна

ССКМ: Со стабилизација на цената на нафтата се очекува стабилизрање на цените

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Ресорите поделени, партнерите договорени: Имињата на новите министри ќе се знаат утре по 20 часот

Литванија останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

Николоски: Со реформи и инвестиции Македонски железници ќе станат поефикасни

Мицкоски: Владата ќе продолжи да работи на намалување на цените

Мицкоски на пуштање во употреба на детската градина „Кокиче“ во Трубарево

Убиена 48 годишна жена во Скопје – по пријава за исчезнување, пронајдено телото во фаза на распаѓање

Заминуваат Азир Алиу и Фатмир Лимани: Влен добива министри во правда и култура, остануваат без здравство

Евростат: Македонија со најевтина потрошувачка кошничка во Европа

Прилози

Татко и син и мајка и бебе извлечени од урнатините во Венецуела, досега над 1400 луѓе пронајдени мртви

Преполни мртовечници со над 1450 жртви досега и десетици илјади исчезнати е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преполни мртовечници со над 1450 жртви досега и десетици илјади исчезнати е црната слика која во моментов ја опишува Венецуела по разорните земјотреси кои ја погодија земјата минатата недела. Среде урнатините и неизвесноста,  се појавува и некој зрак светлина: спасувачките екипи кои неуморно работат со денови, успејаа да извлечат живи затрупани лица.

Во текот на викендот спасени се најмалку 33 луѓе, а вистинско чудо е  пронаоѓањето на татко и неговиот син тинејџер, четири дена по трагедијата.

Операцијата за спасување ја водеа членови на француската цивилна заштита и американски тим за пребарување, кои ден претходно ивлекоа мајка и нејзиното деветмесечно бебе од под урнатините.

Реклама

Ова е второто бебе кое беше извлечено во разурнатиот Каракас. Во петокот 18 дена старото бебе Хуан Давид стана симбол на надеж откако по 32 часа под урнатините беше извлечен заедно со неговата мајка

Исторемено со спасувачките операции се одвива и идентификацијата на оние кои не добија втора шанса за живот. Најблиските на жртвите ја преплавија мртовечницата во Каракас, каде добиваат помош од волонтери кои се трудат да им ја намалат болката за изгубените.

,,Ние сме тука доброволно, да им бидеме поддршка на семејствата и на службениците кои неуморно работат уште од средата. Работат на сè што е поврзано со згрижувањето на телата, извршувањето на обдукциите, нивното предавање на семејствата, издавањето на посмртните документи, а ние ги примаме сите донации и се трудиме да им дадеме поддршка на семејствата во овие тешки моменти“, вели Камина, волонтер

И покрај меѓународната помош која пристигнува од сите страни, ситуацијата во Венецуела е алармантна. Нема доволно вода за пиење за близу 7 милиони луѓе, на кои итно им е потребно засолниште и медицинска помош.

https://youtu.be/tGD9mG89R6I