Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Прилози

Мицкоски и Филипче „се судрија“ за растот, инфлацијата и животниот стандард на граѓаните

Пониска инфлација, помал јавен долг и поголем економски раст во време на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пониска инфлација, помал јавен долг и поголем економски раст во време на најголемата нафтена криза, споредено со владеењето на СДСМ. Премиерот Мицкоски се соочи со лидерот на опозицијата Филипче околу економските перформанси. Филипче обвини за раст на цените, недоволно зголемување на платите и животниот стандард. Премиерот возврати дека Владата уште долго ќе ги сервисира обврските од претходната. И покрај проблемите, државата остварила солиден економски раст меѓу највисоките 5 во Европа и умерена инфлација меѓу најниските во регионот.

„Граѓаните не добија подобар живот, не добија повисок стандард, не добија функционални институции, не добија правда и не добија европска иднина. Што добија? Поскап живот, празни паричници, празни фрижидери, презадолжена држава, партизирани институции, тендери, лаги и изолација. Ни 10% од ветеното во програмата нема исполнето. Само лаги, изолација и партиски тендери” – истакна Филипче.

„Почнува војната во Украина. 18, 20, 25% инфлација во Македонија. Ваша влада. Оваа влада во историски најголемата светска енергетска криза, 4,5% просек во првите 5 месеци од годината. Во месец мај, 4.8%, понизок од Грција, Бугарија, Романија, Косово, БиХ, Хрватска. Да, нешто повисок од Албанија и Србија. Ние мораме да се споредуваме со регионот. Ние не можеме да се споредуваме со нешто што ни е замислено на нас. Ние мораме да се споредуваме со регионот“ – вели Мицкоски.

Реклама

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ги интересираше кои ставки од прекроената државна каса се скратени, а кои зголемени. Премиерот објасни дека доказ за фокусираноста на Владата кон креирање раст и изградба на инфраструктурата е токму тоа што за 100 милиони евра ги зголеми капиталните инвестиции со ребалансот на буџетот.

Пратениците прашаа и за изградбата на клучните енергетски проекти, а особено во која фаза е проектот Чебрен и Галиште. Премиерот рече дека Владата активно работи на енергетска транзиција на земјата. Речиси целосно може да ја покрие струјата што ја троши, додека акумулациите се полни 80%, што одамна не се случило. Мицкоски смета дека се созададени услови да се изгради конечно стратешкиот проект Чебрен и Галиште, а многу меѓународни финансиски институции биле заинтересирани за овој проект.