Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе учествува на лидерскиот самит во рамките на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе учествува на лидерскиот самит во рамките на 31. конференција на страните (COP31) на конвенцијата на Обединетите нации за климатски промени, што се одржува во турскиот град Анталија.

Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе има билатерални средби со дел од учесниците на самитот.

Во составот на македонската државна делегација што ја предводи Сиљановска-Давкова се и  министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа.

Реклама

На конференцијата во Анталија учествуваат претставници на 196 земји, меѓу кои и 37 шефови на држави, 35 шефови на влади, осум потпретседатели, седум заменик-премиери, двајца престолонаследници, еден принц, еден претседател на парламент и четворица специјални претставници.

Светските лидери, претставници на владите и меѓународните организации ќе разговараат за актуелните климатски предизвици, унапредувањето на глобалната климатска акција и зајакнувањето на меѓународната соработка во справувањето со климатските промени.

Учеството на македонските претставници претставува можност за афирмирање на државните приоритети во областа на животната средина и климатските политики, размена на искуства и унапредување на соработката со меѓународните партнери во насока на забрзување на зелениот пресврт и исполнување на климатските цели.

Конференцијата (COP) е највисокото тело за донесување одлуки во рамките на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (UNFCCC), усвоена 1992 година.