Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Општина Центар додели 149 субвенции за возачка дозвола, младите добиваат по 10.000 денари

Општина Центар продолжува со финансиската поддршка за младите кои сакаат да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Центар продолжува со финансиската поддршка за младите кои сакаат да се стекнат со возачка дозвола од Б-категорија. Од почетокот на годината до крајот на октомври, вкупно 149 жители на општината добиле субвенција во износ од 10.000 денари за обука и полагање.

Градоначалникот Горан Герасимовски изрази задоволство од големиот интерес за мерката и ги повика сите млади кои ги исполнуваат условите да аплицираат.

-Ме радува што сè повеќе центарци ја користат оваа можност. Со субвенцијата од 10.000 денари помагаме на семејствата да ги намалат трошоците, а младите ги охрабруваме да станат одговорни и совесни возачи – порача Герасимовски.

Реклама

Право на субвенција имаат лица родени во 2006, 2007 и 2008 година.

Од Општината информираат дека новина е можноста субвенцијата да биде исплатена и на трансакциска сметка на родител, а не само на сметката на барателот.

-За аплицирање потребно е да се достават барање за субвенција, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, доказ за извршена уплата во автошкола и доказ дека автошколата е регистрирана на подрачјето на Општина Центар.
Барањата се поднесуваат во архивата на Општина Центар, барака бр. 6, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот – велат од Општина Центар.