Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Божиновска дел од државната делегација на COP31 во Турција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска е дел од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска е дел од државната делегација, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година престојува во работна посета на Анталија, Република Турција, по повод учеството на лидерскиот самит во рамките на 31. конференција на страните (COP31) на рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени.

На самитот, информираат од МЕРМС, ќе учествуваат светски лидери, претставници на влади и меѓународни организации, кои ќе разговараат за актуелните климатски предизвици, унапредувањето на глобалната климатска акција и зајакнувањето на меѓународната соработка во справувањето со климатските промени.

– Учеството на министерката Божиновска е во насока на следење на глобалните процеси и иницијативи поврзани со климатските политики и енергетската транзиција, како и размена на искуства и соработка со меѓународните партнери во овие области – посочуваат од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС).