Реклама
Економија

Во тек е модернизација на фудбалскиот стадион во населба Илинден и поставување современо осветлување

Во тек е поставувањето современ систем за осветлување на фудбалскиот стадион во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тек е поставувањето современ систем за осветлување на фудбалскиот стадион во населба Илинден, во рамки на проектот за негова доградба и модернизација.

Како што соопштија од Општина Илинден, се инсталираат над 30 рефлектори, со што ќе се овозможи одржување тренинзи и натпревари и во вечерните часови, согласно европските стандарди и УЕФА критериумите.

Оттаму посочуваат дека градоначалникот Александар Георгиевски извршил увид на терен, оценувајќи дека осветлувањето е значаен чекор за зголемување на функционалноста на стадионот.

Реклама

Активноста е дел од повеќефазен проект, во кој претходно беа реконструирани и проширени теренот, поставена нова вештачка трева, изградена заштитна ограда и воведен систем за дренажа.

Паралелно, се гради трибина со капацитет од 1.100 гледачи и подтрибински простории со соблекувални, службени простории и санитарни јазли.

Со проектот е предвидено и хортикултурно уредување на околниот простор, изградба на паркинг за повеќе од 60 возила, како и обновување на комуналната инфраструктура.