Реклама

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Свет

Најмалку 32 загинати и 700 повредени по разорните земјотреси во Венецуела

Најмалку 32 лица загинаа, а Американскиот геолошки завод веќе прогнозира црно сценарио…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмалку 32 лица загинаа, а Американскиот геолошки завод веќе прогнозира црно сценарио дека бројот на загинати ќе надмине 10 илјади по двата катастрофални земјотреси што се случија во Венецуела.

Главниот град на Венецуела, Каракас, беше погоден од два исклучително силни и разорни земјотреси во рок од само една минута. Првиот бил со јачина од 7,2 степени, а вториот уште посилен – 7,5 степени според Рихтер.

Сеизмолозите предупредуваат на уште поцрни биланси и дека бројката на загинати може да надмине 100 илјади луѓе. Во моментов, покрај потврдените жртви, пријавени се и околу 700 повредени.

Реклама

Вршителката на должноста претседателка на Венецуела, Делси Родригез, веднаш прогласи вонредна состојба и изрази сочувство до нацијата, но во вонредното обраќање не соопшти конкретни бројки за настраданите.

Помош и солидарност веднаш понудија лидерите ширум Латинска Америка, како и американскиот претседател Доналд Трамп.

Венецуела се соочува со една од најтешките природни катастрофи во својата понова историја.