Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Откажан состанокот меѓу САД и Иран во Швајцарија

Најавената средба и разговорите меѓу САД и Иран, што денеска требаше да се одржат во Швајцарија со цел привремена деескалација и отворање нова фаза од преговорите за иранската нуклеарна програма е откажана. Двете страни, САД и Иран, требаше да се сретнат во швајцарското планинско одморалиште Биргеншток, недалеку од Луцерн, а на средбата се очекуваше да […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најавената средба и разговорите меѓу САД и Иран, што денеска требаше да се одржат во Швајцарија со цел привремена деескалација и отворање нова фаза од преговорите за иранската нуклеарна програма е откажана.

Двете страни, САД и Иран, требаше да се сретнат во швајцарското планинско одморалиште Биргеншток, недалеку од Луцерн, а на средбата се очекуваше да биде потпишан меморандум за разбирање, кој би отворил пат кон нова фаза на преговори за иранската нуклеарна програма и намалување на тензиите во регионот.

Од Белата куќа соопштија дека состанокот е одложен поради организациски и логистички причини, но, не беа дадени повеќе детали, освен што беше најавено дека Вашингтон останува подготвен за продолжување на разговорите.

Реклама

„Нашиот план е да отпатуваме во Швајцарија, не знам кога, начинот на кој ги подготвуваме овие технички разговори, ќе има политичко лидерство вмешано, се извинувам, ќе има луѓе на терен кој ќе ги водат техничките, нуклеарните разговори,  како да се уништи ураниумот. Планирам да одам во Швајцарија, мислевме викендов да ги започнеме разговорите, тоа е планот, но тоа може да се смени, пробуваме да сватиме кога тоа ќе се случи, очекувам викендов но, не сум сигурен“, изјави Џеј Ди Венс, потпретседател на САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан одделно во средата го потпишаа рамковниот договор за крај на војната против Иран, која САД и Израел ја започнаа кон крајот на февруари со напади на Иран. Според Пакистан, тој стапил на сила веднаш, а договорот предвидува дека во рок од 60 дена ќе биде склучен конечен договор за мир и крај на нуклеарната програма на Иран.  Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, оцени дека договорот е постигнат „од очај“, но потврди дека го одобрил, и покрај „различниот став“, по уверувањата од иранскиот претседател дека ќе ги заштити правата на иранската нација. Тој порача дека Иран ќе продолжи со разговорите само доколку се почитуваат неговите позиции и интереси.

„Од овој момент па натаму, преговорите лице в лице што ќе се водат во иднина нема да значат прифаќање на мислењето на непријателот“, се вели во соопштението на Моџтаба Хамнеи, врховен лидер на Иран.

Во обајава на социјалните мрежни Трамп напиша дека САД се посветени на мирот и ги охрабрува сите во регионот да ја одржат својата посветеност, за да овозможат преговорите да се одвиваат успешно. Очекуваме целосен прекин на огнот на сите фронтови, вклучително Либан, Хезболах и Израел“, изјави американскиот претседател. Денеска Ормускиот теснец е повторно отворен, а американската поморска блокада укината.