Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Берово доби бесплатен јавен Wi-Fi на градскиот плоштад

Граѓаните и посетителите на Општина Берово од денеска можат да користат бесплатен јавен Wi-Fi на Градскиот плоштад „Димитар Беровски“, како дел од регионалната иницијатива за дигитална поврзаност WiFi4WB. Проектот е финансиран од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од страна на GIZ во рамки на програмата EU4Digital. Неговата цел е […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните и посетителите на Општина Берово од денеска можат да користат бесплатен јавен Wi-Fi на Градскиот плоштад „Димитар Беровски“, како дел од регионалната иницијатива за дигитална поврзаност WiFi4WB.

Проектот е финансиран од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од страна на GIZ во рамки на програмата EU4Digital. Неговата цел е да обезбеди бесплатен и сигурен интернет пристап за граѓаните низ Македонија и земјите од Западен Балкан.

Со воспоставувањето на оваа мрежа, Општина Берово се приклучува кон групата од околу 500 општини во регионот кои ќе бидат опфатени со WiFi4WB, по примерот на европската програма WiFi4EU, преку која беа опфатени над 7.000 јавни локации низ Европската Унија.

Реклама

Од општината информираат дека новата услуга ќе овозможи подобар пристап до информации, комуникација и дигитални услуги за сите корисници, придонесувајќи кон унапредување на квалитетот на живот и развој на локалната заедница.

Со оваа иницијатива, Берово продолжува со напорите за модернизација на јавните услуги и зајакнување на дигиталната инфраструктура.