Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Мемов: На пензионерите треба да им се даде можност за вработување доколку сакаат и се работоспособни

Директорот на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) Никола Мемов учествуваше на тркалезната маса – работна сесија – „Недостигот на работна сила: Од предизвик до можност преку активно стареење и искористување на позитивни искуства“ во организација на Комората на Северна Македонија за приватно обезбедување, наведува Фондот на ПИОМ. Целта на настанот, како што беше […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) Никола Мемов учествуваше на тркалезната маса – работна сесија – „Недостигот на работна сила: Од предизвик до можност преку активно стареење и искористување на позитивни искуства“ во организација на Комората на Северна Македонија за приватно обезбедување, наведува Фондот на ПИОМ.

Целта на настанот, како што беше речено, е актуелизирање на состојбата со работната сила во областа на приватното обезбедување и изнаоѓање решение за нејзино подобрување.

Во своето излагање директорот Мемов нагласи дека Фондот на ПИОМ е институција која не креира политики во областа, но дава предлози како состојбите да се подобрат врз основа на искуството од работата.

Реклама

-Сметам дека пензионерите кои сакаат и се во добра здравствена состојба треба да имаат можност за работа. Актуелната состојба на пазарот на трудот покажува дека има потреба од нив. Во областа на приватното обезбедување тие навистина може да дадат придонес, бидејќи поседуваат големо искуство и ги имаат бараните вештини, рече Мемов и додаде дека вработувањаето на пензионерите треба да се однесува само за вработувањата во приватниот сектор.

Тој појасни дека со законското овозможување на ангажирањето пензионери ќе има троен бенефит.

-Со вработувањето на пензионерите работодавачите ќе имаат лица со кои ќе ги пополнат работните места и за кои ќе плаќаат придонеси. Со тоа корист ќе има државата, бидејќи ќе прибира средства за пензиско, здравствено осигурување и други давачки, а корист ќе имаат и самите пензионери, бидејќи ќе имаат и пензија и плата, потенцира директорот на Фондот.

Проф. д-р Лазар Јовевски рече дека ова е тема која е длабоко поврзана со опстанокот и иднината на државата. Тој додаде дека стареењето на нацијата е факт, а за решавање на проблемот има два начина.

-Едниот пат е увоз на работна сила, кој си има свои последици коишто ги гледаме од искуството во западните земји, а вториот пат е внатрешно да се реорганизираме и да ги надминеме недостатоците. Ако се договорат сите чинители дека ќе се оди по вториот пат, тогаш ќе треба да се редефинира правно-економската регулаторна рамка со која ќе се овоможат нови решенија за вработување, и правила на пазарот на труд, рече Јовевски. 

Претедателката на Комората, м-р Верица Милеска-Стефановска, нагласи дека секторот на приватното обезбедување се соочува со проблеми коишто поскоро треба да се решат. Таа изнесе повеќе примери од нашето окружувње каде што на пензионерите им е дозволено да се вработат и да ја задржат пензијата.

Учесниците на тркалезната маса потенцираа дека мора да се направат измени во законската регулатива што поскоро и со тоа да се обезбеди работна сила која ќе ги пополни празните работни места во секторот на приватното обезбедување.