Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари за учество на меѓународни натпревари на ученици

Приемот за учениците што освоиле награди на меѓународни натпревари, меѓу кои и Дамјан Давков, кој освои златен медал на Европската математичка олимпијада, ќе биде организиран по завршувањето на тековните олимпијади, на гала-прием во Вила „Водно“ заедно со претседателката на државата – како и што заслужуваат овие деца, кои се гордост и иднина на нашата држава […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Приемот за учениците што освоиле награди на меѓународни натпревари, меѓу кои и Дамјан Давков, кој освои златен медал на Европската математичка олимпијада, ќе биде организиран по завршувањето на тековните олимпијади, на гала-прием во Вила „Водно“ заедно со претседателката на државата – како и што заслужуваат овие деца, кои се гордост и иднина на нашата држава – изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Одговарајќи на пратенички прашања во Собранието, Јаневска посочи дека државата во изминатиот период значително ја зголемила финансиската поддршка за талентираните ученици нагласувајќи дека со измените направени од оваа Влада во 2025 година првпат се воведе и можност за покривање на трошоците за учество на меѓународни натпревари – за котизација и пат за учениците и нивните ментори, што претходно не постоело. 

– Досега годинава исплатени се над пет милиони денари. На две здруженија сме им платиле – Сојуз на хемичарите и Сојуз на физичарите. На сите деца им биле покриени патот, сместувањето, како и на нивните ментори. Тие што завршиле со натпреварите, веќе се исплатени, ќе биде исплатен и Дамјан Давков. Приемот ќе го направиме гала, така како што овие деца – репрезенти, гордост и иднина на нашата држава, тоа и заслужуваат, заедно со претседателката на државата во Вила „Водно“, каде што ќе бидам присутна и јас. Секогаш им доделуваме благодарници и дипломи, досега недно дете не се пожалило – рече Јаневска. 

Реклама

Министерството за образование и наука, потсети Јаневска, секоја година доделува и стипендии за талентирани ученици во областа на природните науки, спортисти и уметници од средните училишта, чиј месечен износ е 3.500 денари за девет месеци. 

– МОН доделува и еднократен надомест за ученици што ќе освојат прво место на државен натпревар по кој било предмет организиран од акредитирани здруженија на наставници во висина од 50 проценти од просечната нето-плата во земјата, што не постоело пред оваа Влада, како и еднократен паричен надоместок за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар по математика, информатика и природни науки во висина од 100, 80 и 60 проценти од просечна нето-плата во земјата во зависност од освоеното место. Се доделува и награда за освоен медал – златен, сребрен или бронзен за една од 15-те меѓународни научни олимпијади во висина од пет, четири или три просечни нето-плати – ова е законско решение што го донесе оваа Влада – изјави Јаневска. 

Таа исто така најави дека се работи на подготовка на концепција за откривање работа со талентирани и надарени ученици во согласност со странски искуства.